Го „погребале“ омилениот џип

Овој бизарен настан се случил во селото Падаршинга, во индиската држава Гуџарат

Ужалените сопственици во присуство на речиси 1.500 луѓе го кажале последното збогум на нивниот 18-годишен џип Сузуки. Раскошниот погреб наводно ги чинел 4.300 евра.

Возилото било „закопано“ за време на специјална церемонија. Сопствениците верувале дека џипот им „донел среќа“ и не сакале да го остават во ѓубре. На имотот на сопствениците била ископана јама длабока 4,5 метри каде што завршил џипот.

„Овој автомобил беше повеќе од само возило. Тоа беше дел од нашиот пат до успехот. Наместо да го продадеме или оставиме во ѓубре, сакавме да го почестиме со траен спомен за идните генерации“, изјавиле сопствениците.

По завршувањето на церемонијата, багер го закопал возилото со земја, а тажните сопственици рекле дека на тоа место треба да се засади дрво, како потсетување на нивниот „миленик“.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни