„Го градам мојот град“

ЈУ. Детскиот културен центар „Карпош“ традиционално и оваа година ќе го прослави празникот 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје со манифестацијата „Го градам мојот град“ на која учесници се децата од предучилишните установи од Скопје.

Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со денот 13 Ноември и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки, по свој избор, од различни природни и други материјали, ќе прават објект – макета на некое значајно обележје на Скопје. Токму затоа постои манифестацијата „Го градам мојот град (Скопје)“ која ги поттикнува најмладите да го сакаат и чуваат својот град.

Манифестацијата ќе се одржи во просториите на ЈУ Детски културен центар „Карпош“ на 13 ноември 2025 година од 10:00 до 11:00 часот.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни