„Го градам мојот град“ во Детскиот културен центар „Карпош“

Детскиот културен центар „Карпош“ ја организира манифестацијата „Го градам мојот град“ денес од 10 часот во своите простории, во чест на празникот на Скопје. Манифестацијата која се одржува по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на Скопје оваа година ќе се организира во рамките на културната понуда на градот како Европска престолнина на културата 2028.

Манифестацијата „Го градам мојот град“ има за цел да ги истакне детските творечки способности и детската креативност, а воедно и поопширно да ги запознае децата со 13 Ноември и неговото значење. На овој ден, децата од скопските градинки од различни природни и други материјали по свој избор ќе прават објект – макета на некое значајно обележје на Скопје.

Најново

Последни колумни