Научниците пронајдоа начин да одгледуваат јадливи печурки од отпад од морков кои произведуваат висококвалитетни растителни протеини, отворајќи го патот за кружна економија во прехранбената индустрија.
Во свет каде што морковите се честа состојка во многу јадења во различни меридијани, купиштата делови од овој зеленчук и листовите обично завршуваат во отпад.
Научниците успеаја да ја искористат оваа „несакана“ маса и со нејзина помош да одгледуваат јадливи печурки кои се користат за производство на висококвалитетни протеини. Тие ја објавија својата работа во Journal of Agricultural and Food Chemistry.
Како морковот стана плескавица?
Морковите се преработуваат во сокови и здрави закуски, но кога ќе се одвојат вкусните делови, отпадот останува без јасна намена и употреба, затоа научниците го претворија во суровина.
Тие открија дека би било најдобро од отпадот да се одгледуваат печурки – поточно, мицелиумот, мрежестото тело на габата што повеќе личи на пајажина отколку на класична шапка. Овој мицелијален систем не само што растел, туку и преработувал материи, апсорбирајќи хранливи материи и претворајќи ги во богати растителни протеини.
Се наведува дека се случила вистинска магија, кога луѓето пробале нови производи направени од овој необичен протеин. Веганските бургери и колбаси, наместо соја или наут, биле направени токму од мицелиумот што се хранел со остатоците од моркови. Новиот производ им се допаѓал на луѓето повеќе од оние со вообичаените растителни протеини.
Истражувачите конечно биле задоволни. За нив, ова не било прашање на нов вкус, туку визија за иднината на храната во која нема бескорисни остатоци. Наместо куп отпад, секој морков би можел да стане почеток на нешто вкусно и корисно.