Глув мачор сака да спие покрај вратата, причината ги топи срцата

Јакоб Линдблад и неговата партнерка пред две години го посвоија мачорот Свен, која неодамна стана ѕвезда на ТикТок поради преслатка причина.

Имено, четиригодишниот Свен е глув и многу приврзан за своите сопственици, па затоа сака во секое време да знае каде се. Во интервју за Newsweek, Линблад откри дека Свен почнал да спие во ходникот затоа што сакал да знае кога ја напуштаат собата, а неодамна дури и почнал да спие надвор пред влезната врата, во случај да планираат да ја напуштат куќата.

На видеото се гледа како Свен спие пред вратата, чекајќи ги своите сопственици.

Виралното видео го погледнале повеќе од милион луѓе, а некои од нив оставиле коментари.

„Дај му барем перница“, „Никогаш не смееш да излезеш од дома“, „Никогаш не би излегол од дома да сум на твое место“, „Убав е“, се само дел од коментарите.

Извор: ТикТок

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Најново

Последни колумни