Глумецот кој го позајмуваше гласот на Шиљо откри дека неговиот лик не е куче

Актерот кој го позајмуваше гласот на Шиљо, Бил Фармер открива дека овој другар на Мики Маус не е куче, објави Unilad.

Овој линк прв пат се појавил во епизодата Mickey’s Revue во 1932 година и тогаш првично бил наречен Dippy Dawg. Како Dippy Dawg имал вкупно шест настапи, а во 1934 година го добива името Goofy или Шиљо и стана редовен гостин.

Но, освен што првобитно се викал Дипи Дог, никој никогаш не истакнал какво животно е, а доколку се спореди со кучето на Мики, Плутон, може да се забележи дека имаат големи разлики.

Шиљо оди на две нозе и може да зборува, додека Плутон само лае и се движи на сите четири нозе.

Бил Фармер, кој го позајмуваше гласот на Шиљо од 1987 година се вклучи во дебатата за тоа какво животно е неговиот линк, а тој дефинитивно одговорил дека не е куче.

„Плутон е куче, а изгледа дека Шиљо е во семејството на кучиња на ист начин на кој и волците не се кучиња, но се во семејството на кучиња. Мислам дека Canis Goofus е техничкиот латински израз за она што е Шиљо“ рекол Фармер.

На социјалните мрежи со години се дискутира дали Шиљо е куче или крава, најмногу поради тоа што ликот во цртаните се заљубува во Clarabelle Cow.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни