Петар Горко со насмевка се потсетува на својот прв настап со Глумците Пеат, пред повеќе од десет години, кога настапувал со групата „Македонија“ и класичен звук. Првата година, како што вели Маја Андоновска Илијевски сè било пофристајл, со фокус на балканската музика. Потоа, следеле тематски вечери – минатата година со Евровизија, а годинава со нешто „скоро како театарска претстава, мјузикл, сосема нова комбинација“.
„Ние бевме најмладите во екипата“, се сеќава Петар Горко, а магијата била токму во тоа што се спојуваат генерации актери од различни театри. Таа разновидност, според неа, го прави Глумците Пеат посебен.

„Актерот е вкупен продукт на повеќе уметности, а ова е сцена каде што тоа најдобро се гледа“, вели Маја.
Иако тремата е реална – бидејќи пеењето не им е секојдневие – токму таа искреност ја создава енергијата што ја чувствува и публиката. „Драган Спасов Дац рече пред две години: ‘Луѓе, па толку не се сакаме ни во театар!’“ – се присетува низ смеа Петар Горко. Таа поврзаност е сржта на проектот.

Можна ли е франшиза на Глумците пеат во Битола?
Maja низ смеа предлага: „Ако еден ден Маја и Ира Бабич решат да направат франшиза, јас се пријавувам за директорка на Глумците Пеат – Битола!“ Иако тоа сè уште не е во план, верува дека идејата има потенцијал, особено ако се земе предвид дека Битола има одличен театар и камерен оркестар.

Глумците Пеат не е само претстава, туку искуство што остава трага – кај публиката и кај самите актери. Тоа е потсетник дека уметноста е најжива кога е искрена, заедничка и целосно посветена. А сцената, без разлика дали е во Скопје или можеби еден ден и во Битола, секогаш ќе биде место каде актерите пеат со целото срце.