Екстремно високите температури во тропските шуми би можеле да го загрозат процесот на фотосинтеза, покажуваат истражувањата. Загрижува тоа што, иако тоа е сè уште е во мал процент, некои од листовите на највисоките точки на круните на дрвјата во такви области се веќе загрозени.
Научниците велат дека проблемот е во тоа што листот се загрева побрзо од топлиот воздух. Како што објаснуваат, доколку температурата на воздухот се зголеми за два до три степени, листовите ќе се загреат за осум степени.
Предвидувањата за најлошото сценарио, во кое просечната површинска температура во тропските шуми би се зголемила за четири степени Целзиусови, укажуваат на можно целосно уништување на листовите, односно неговата функција да врши фотосинтеза.
Неопходна е интна акција за запирање на глобалното затоплување, сметаат научниците. Нивните пресметки покажуваат дека ако годишниот пораст на температурата на воздухот е 0,03 степени Целзиусови, уништувањето на врвовите на дрвјата може да стане масивно за околу еден век.
Според објаснувањето на експертите, колку повеќе шуми има, толку нивната температура на воздухот е пониска. Поточно, доколку одредени делови од шумата исчезнат поради одредени причини, останатите површини под шумата ќе достигнат повисоки температури.
Тропските шуми ги претставуваат белите дробови на планетата Земја. Тоа се базира на фактот што проценките покажуваат дека 50 проценти од сите растителни видови ги населуваат овие области, а тие се дом и на многу разновиден животински свет.
Извор: energetskiportal.rs