Глобално зголемена продажбата на електрични автомобили

Вкупно 1,69 милиони plug-in електрифицирани возила беа продадени ширум светот во септември, вклучувајќи целосно електрични и plug-in хибридни возила. Растот изнесува 30,5 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година, покажаа податоците на Rho Motion.




Светската продажба на целосно електрични и plug-in хибридни возила силно се зголеми во септември, со двоцифрен скок во Кина и скромен раст во Европа и Северна Америка, објави компанијата за истражување на пазарот Rho Motion.

Вкупно 1,69 милиони plug-in електрифицирани возила беа продадени ширум светот во септември, вклучувајќи целосно електрични и plug-in хибридни возила. Растот изнесува 30,5 отсто во споредба со истиот месец во 2023 година, покажаа податоците на Rho Motion.

Продажбата во Кина скокна за 47,9 отсто на 1,12 милиони возила, надминувајќи го рекордот од август. Од почетокот на годинава е зголемен за 22 отсто во однос на истиот период лани Во САД и Канада во септември се продадени само 150.000 електрифицирани возила, за 4,3 отсто повеќе од лани.

Продажбата во Европа, исто така, порасна за истиот процент, приближувајќи се до околу 300.000 возила, благодарение на скокот од 24 отсто во Велика Британија и подобрите резултати во Италија, Германија и Данска, изјави главниот аналитичар на електрични возила на Rho Motion, Чарлс Лестер.

Растот на продажбата на германскиот пазар од седум отсто во споредба со септември минатата година е „дефинитивно добра вест“, смета Лестер, додавајќи дека целите на Брисел за намалување на емисиите на јаглерод следната година ќе го тестираат пазарот на ЕУ.

Ако се земе предвид периодот од почетокот на годината, европскиот пазар повторно бележи пад, со различни резултати од земја до земја периодот од јануари до август, додека британскиот пазар одигра важна улога во растот на европскиот пазар во целина.

Следната година, продажбата на електрифицирани возила во Европа треба да достигне 3,78 милиони и 9,78 милиони во 2030 година, 24 и 19 отсто помалку од претходно очекуваното, изјави за Ројтерс менаџерот за истражување на автомобилската индустрија Вилијам Робертс.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни