Новата соработка со платформата Virtual Internships треба да им овозможи на студентите од Македонија да работат на реални проекти за компании од над 190 земји. Академијата најавува и јавен онлајн вебинар на 31 март, каде ќе бидат претставени можностите за аплицирање и интернационална кариера.
Иницијативата доаѓа во време кога пазарот на трудот станува сè поконкурентен, а практичното искуство сè поважно за вработување.
Како дел од оваа стратегија, академијата започнува соработка со глобалната платформа Virtual Internships, преку која студентите ќе можат да работат на реални проекти за компании од над 190 земји, без да ја напуштат државата.
Според податоците што ги споделува платформата, еден од тројца учесници продолжува со работа во компанијата и по завршување на програмата. Токму тоа ја прави оваа можност особено важна за млади луѓе и професионалци што бараат практично искуство и полесен пристап до пазарот на труд.
„Учи локално, но работи глобално е нашата мисија и цел со која им даваме на студентите реална предност на пазарот на труд преку интернационално искуство, практична работа и директен контакт до над 20.000 глобални компании“, велат од Avenga Academy.
Во рамки на иницијативата, на 31 март ќе се одржи јавен онлајн вебинар на кој ќе бидат претставени концептот на глобални пракси, процесот на аплицирање и можностите за интернационална кариера. Настанот е отворен за студенти, млади професионалци, но и за лица кои размислуваат за кариерна промена.
Повеќе информации за вебинарот и за начинот на пријавување се достапни преку платформата на Avenga Academy.