Глобални лидери во е-трговија ќе се соберат во Скопје на седмата регионална конференција

Претставници на водечки светски компании, меѓу кои TikTok, OpenAI, Klarna и ZEOS by Zalando, ќе бидат дел од 7-та регионална конференција за е-трговија „E-commerce: Untangling Potential!“, што ќе се одржи на 12 ноември во Скопје. Овој значаен настан го задржува својот регионален карактер, привлекувајќи учесници од повеќе од 10 земји.

Настанот ќе донесе теми како испорака и логистика, нови опции за е-плаќање, маркетинг со вештачка интелигенција, и глобален раст на е-трговијата. Меѓу говорниците, Селесте Фејзо од OpenAI ќе зборува за влијанието на вештачката интелигенција врз иднината на е-трговијата, додека Бобан Љубиноски од Klarna ќе презентира иновативни решенија за онлајн плаќања. Бојан Доленц од ZEOS by Zalando ќе го сподели своето искуство за оптимизација на логистичките процеси.

Конференцијата, на која се очекува присуство на околу 700 гости, е поддржана од организации како GIZ и Visa, а повеќе информации и билети се достапни на официјалната страница на настанот: https://ecommerceconference.mk/

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни