Глобалната трговска војна започнува на 4 ти март

Европската унија и Канада се подготвуваат за можни реципроцитетни мерки кон САД, што може да ја поттикне глобалната трговска војна и да го наруши стабилитетот на меѓународните трговски односи

На 4 ти март, САД ќе ја зголемат царинската бариера на увозот од Кина од 10 на 20 отсто, што веќе предизвика нови тензији во глобалната трговска политика. Оваа одлука на американскиот претседател Доналд Трамп следува по неодамнешното зголемување на проблемите со фентанилот, кој се увезува од Кина.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, во изјавата до државните органи, предупреди дека Кина ќе се спротивстави на американските мерки со потребните контрамерки за заштита на нејзините економски интереси. Министерството за трговија на Кина уште не прецизирало дали Пекинг ќе започне распродажба на американските вредносни хартии, што може да се смета за радикален одговор на политиката на САД.

Глобалната економија и финансиските пазари веќе ги чувствуваат последиците од овие мерки. Акциите на водечките американски и европски компании паднаа, додека трговските и индустриските индекси беа под голем притисок. Берзите, кои претходно не веруваа во целосна примена на Трамповата царинска стратегија, сега ја засилуваат неизвесноста околу глобалната економија.

Во исто време, Европската унија и Канада се подготвуваат за можни реципроцитетни мерки кон САД, што може да ја поттикне глобалната трговска војна и да го наруши стабилитетот на меѓународните трговски односи.

Трамп, кој верува дека царинските мерки ќе ја направат САД „многу богата и силна”, продолжува со амбициозната стратегија да ја намали зависноста од увозот, но оваа политика сè повеќе ги зголемува цените и ја става под знак прашалник благосостојбата на американските семејства.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни