Глобалната потрошувачка на вино падна на најниско ниво од 1961 година

Според податоците на OIV, вкупната глобална потрошувачка на вино минатата година изнесувала 214,2 милиони хектолитри, што е пад од 3,3 отсто во однос на 2023 година и најниско ниво од 1961 година, кога потрошувачката била 213,6 милиони хектолитри, пренесува The Guardian

Светската потрошувачка на вино во 2024 година се намалила на најниско ниво во последниве повеќе од шест децении, соопшти денеска Меѓународната организација за лозарство и винарство (OIV), предупредувајќи на дополнителни ризици за индустријата, вклучувајќи ги американските царини и промените во навиките на потрошувачите.

Според податоците на OIV, вкупната глобална потрошувачка на вино минатата година изнесувала 214,2 милиони хектолитри, што е пад од 3,3 отсто во однос на 2023 година и најниско ниво од 1961 година, кога потрошувачката била 213,6 милиони хектолитри, пренесува The Guardian.

Во исто време, глобалното производство на вино се намалило за 4,8 проценти, на 225,8 милиони хектолитри, што е исто така најниско ниво во повеќе од 60 години.

Извор: ТАЊУГ

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни