Глобален удар: Гигантот Bosch најавува масовни отпуштања!

Германскиот гигант Bosch најави планови за укинување на илјадници работни места глобално, поради слаба побарувачка и транзиција кон софтверски базирана мобилност. Компанијата предупредува на дополнителни кратења.

Германскиот автомобилски добавувач Bosch објави дека очекува слаб раст на приходите во 2025 година, што ќе резултира со дополнително намалување на оперативните трошоци, вклучувајќи и укинување на илјадници работни места ширум светот.

„И покрај стагнацијата во глобалното производство на возила, слабата побарувачка и доцнењата во електромобилноста и автоматизираното возење, Bosch Mobility ќе забележи мал раст оваа година“, соопшти компанијата пред почетокот на автосалонот IAA во Минхен.

Bosch, кој е најголемиот светски добавувач за автомобилската индустрија, очекува приходите од продажба да пораснат за помалку од 2%, по падот од 0,7% минатата година, кога приходите изнесуваа 55,8 милијарди евра.

Покрај автомобилски компоненти, Bosch произведува и апарати за домаќинство, електрични уреди и топлински пумпи. Сепак, 60% од приходите доаѓаат од автомобилската дивизија, која моментално се наоѓа под притисок на глобалните промени.

Во обид да се прилагоди на иднината, компанијата го трансформира својот бизнис кон мобилност базирана на софтвер, обезбедувајќи не само хардвер, туку и интегрирани дигитални решенија и самостоенсофтвер.

„Дури и најпаметниот автомобил нема да се помрдне без софистициран хардвер“, изјави извршниот директор Стефан Хартунг, додавајќи дека Bosch работи на комплетна синергија помеѓу хардвер и софтвер.Сепак, оваа транзиција доаѓа со цена. Компанијата веќе започна мерки за намалување на трошоците уште во 2023 година, а сега предупредува на дополнителни кратења, бидејќи некои сектори веќе не се конкурентни.

Според агенцијата DPA, илјадници работни места ќе бидат укинати, вклучително и во матичната земја Германија.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни