Глобален аларм: блокадата на Ормуски теснец зароби 2.000 бродови

Енергетската криза поради блокадата на Ормускиот теснец предизвикува глобален хаос: растат цените, загрозени се транспортот и храната, а најпогодени се сиромашните земји.

Светот се соочува со сериозна енергетска и економска криза поради блокадата на Ормуски теснец – клучна артерија за глобалната трговија со нафта и гас. Последиците веќе се чувствуваат низ целиот свет, а најтешко погодени се сиромашните земји, особено во Африка.

Ланец на поскапувања

Тензиите меѓу САД и Иран предизвикаа драматични осцилации на пазарите. Изјавите на Donald Trump доведоа до нагло зголемување, но и пад на цената на нафтата.

Но кризата не се однесува само на енергенсите. Според анализи, погодени се најмалку 15 категории суровини, вклучувајќи ѓубрива, пластика, метали и благородни гасови.

Цените на некои од овие производи пораснале и до 50%.

Недостиг од клучни ресурси

Персискиот Залив е клучен извор за суровини како амонијак, уреа и сулфур кои се основа за производство на ѓубрива. Поради кризата компании како Qatar Energy го намалуваат производството а фабрики во Индија, Пакистан и Бразил веќе работат со намален капацитет

Дополнителен проблем е хелиумот – околу 40% од светското производство доаѓа од регионот, што значи дека кризата може да ја погоди и индустријата за чипови.

Африка на удар

Хуманитарната организација Brot für die Welt предупредува дека кризата може да предизвика глад во делови од Африка.

Најпогодени се земјите: Сенегал, Бенин, Еритреја, Буркина Фасо и Замбија

Причината е едноставна: поскапите ѓубрива значат помали приноси и ризик од недостиг на храна.

2.000 бродови заглавени

Кризата силно го погоди и транспортот. Околу 2.000 бродови се блокирани во Персискиот Залив, синџирите на снабдување се нарушени и растат осигурителните трошоци.

И авионскиот сообраќај е под притисок, бидејќи поскапувањето на керозинот ги зголемува цените на билетите ширум светот.

Закана за глобалната економија

Директорот на Меѓународна агенција за енергија, Фатих Бирол, предупредува дека ова може да стане „голема закана“ за светската економија.

Според него, сценариото може да биде полошо од нафтените кризи од 1970-тите.

Иако во моментов нема недостиг на нафта и гас, нивните цени растат, а последиците веќе се прелеваат во сите сектори – од храна до транспорт. Ако кризата продолжи, глобалната економија може да се соочи со сериозен удар, а најранливите земји ќе ја платат највисоката цена.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни