Гледаноста на филмот „Конклава“, кој говори за процесот на избор на нов папа и во кој главната улога ја игра Рејф Фајнс, порасла е за 283 проценти на стриминг сервисите, пренесува Њујорк Тајмс, повикувајќи се на податоци од порталот кој ја следи гледаноста на стриминг сервисите, Луминејт.
На денот на смртта на папата Франциско, 21. април, „Конклава“ беше гледана околу 1,8 милиони минути низ целиот свет, а до крајот на следниот ден, минутажата пораснала на 6,9 милиони минути.
„Конклава“ е драма на режисерот Едвард Бергер од 2024 година, која ги следи превирањата во процесот на избор на нов папа, а е наградена со Оскар за најдобро адаптиран сценарио.
.