Гледачите згрозени од инцест сцената во „Куќата на змејот“

Фото: House of Dragon/HBO screenshot

 Во сцена од петтата епизода од втората сезона на серијата „Куќата на змејот“ е прикажана снимка од синот на Демон Таргариан, кој го игра Мет Смит во која тој е интимен со својата мајка, Алиса, која ја игра актерката Емелин Ламберт.

Оваа сцена е дел од сон, кој почнува со Демон и неговата мајка кои стојат без облека, пред таа да се наведне и го бакнува во чело. Потоа е прикажан како тој ја бакнува неговата мајка во врат, додека таа зборува за борбата за круната.

Инцесст сцената продолжува и завршува така што Алиса безживотно лежи на креветот, а Демон гледа во неговите крвави раце. Подоцна се открива дека таа халицунација во главата му ја уфрлила Алис Риверс.

Гледачите беа згорезни од сцената и коментираа дека тоа било тотално непотребно, без оглед што се работеше само за сон.

„Ова е ново ниво на одвратност“, „Знам дека Таргариан имаат чудни обичаи, но ова е апсолутно одвратно. Чија идеја беше ова?“, „Тоа беше тотално непотребно за гледање“, „Сцената со Демон и неговата мајка е тотално непотребна“, „Сценаристите се чудни“, „Сцената е трауматизирачка и чудна“, се дел од коментарите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни