Гледачите на Нетфликс се опседнати со драмската серија Black Sails: „Крајот е подобар од Game of Thrones“

Иако поминаа години од премиерата, драмската серија Black Sails доживува вистинска ренесанса на Нетфликс – и ги освојува гледачите ширум светот. Многумина тврдат дека оваа пиратска сага не само што е подценета, туку дека има и „многу подобар крај од Game of Thrones“.

Серијата, која оригинално се емитуваше од 2014 до 2017 година на Starz, е достапна на Нетфликс во неколку земји од април 2024 година. Со задоцнета слава, Black Sails конечно го добива вниманието што го заслужува.

Оваа историска драма е претходница на класичниот роман Островот со богатство од Роберт Луис Стивенсон, а нејзината приказна не води во 1700-тите, на Бахамите, во срцето на пиратскиот свет. Главниот лик, капетан Флинт (го игра Тоби Стивенс), е обземен од желбата да го заплени легендарниот шпански брод Урка де Лима и да обезбеди слободна иднина за пиратската територија Насау, ослободена од британската власт.

Во серијата се појавуваат и други харизматични ликови како Чарлс Вејн, трговката Елеонор Гатри и шармантниот Џон Силвер, чиј влез ја раздвижува приказната уште повеќе.

Black Sails доби пофалби на Rotten Tomatoes и на социјалните мрежи. Фановите ја опишуваат како „пиратска Game of Thrones, но подобра“, а особено се истакнува квалитетот што расте со секоја сезона, за разлика од Game of Thrones. Некои дури велат дека е „најдобро напишана и режирана серија на сите времиња“, со „сценарио како роман“, „моќни ликови“ и „грандиозни историски кадри“.

Иако во моментов не е достапна на Нетфликс во Македонија, Black Sails може да се гледа преку:

  • Starz (оригиналниот продуцент)
  • Amazon Prime Video (за купување или изнајмување)
  • Apple TV (за купување)
  • Plex (бесплатно со реклами)

Ако сте љубител на историски драми, пиратски авантури и силни ликови – не ја пропуштајте оваа серија. Black Sails е вистински скриен бисер.Tools

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни