Глечерите во Италија исчезнуваат, нема да се спасат ни доколку запре затоплувањето

Глечерите во италијанските Доломити достигнаа точка од која нема враќање, што значи дека ќе продолжат да се топат и да се намалуваат додека не исчезнат, дури и ако глобалното затоплување престане, покажува новото истражување објавено во списанието Cryosphere, објавено денес.
Фото: Ka23 13, CC BY-SA 4.0, via Wikimedia Commons

„Овие глечери повеќе не придонесуваат за рамнотежата на глобалната клима“, вели Андреа Секуро, истражувач од Универзитетот Ка’Фоскари во Венеција, според агенцијата Анса.

Според него, овие глечери повеќе не акумулираат маса освен во години кога снежните врнежи се особено обилни.


„Нема враќање назад, тие ќе исчезнат за неколку децении“, предупреди Секуро.

Истражувачите предупредуваат дека најголемиот италијански глечер Мармолада, познат и како Кралицата на Доломитите, може целосно да исчезне до 2040 година, наведувајќи го затоплувањето поради зголемената концентрација на јаглерод диоксид во атмосферата како главна причина.

Овој глечер изгубил повеќе од 80 отсто од својата површина од 1988 година, пишува Euronews.

Во последните пет години глечерот изгуби 70 хектари, што е еднакво на површината од 98 фудбалски игралишта.

Научниците предупредуваат дека климатските промени предизвикуваат топење на глечерите ширум светот, што доведува до зголемување на нивото на морето и поплави.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни