Глечерите се плодна површина – откриени црни алги

Последните научни истражувања потврдија присуство на црни алги на глечерите. Тие податоци се доказ дека глечерите не се неплодна средина како што се мислеше досега, велат истражувачите од Универзитетот Архус.

Се до неодамна се веруваше дека глечерите не содржат никакви хранливи материи кои би одржале нешто во живот, но сега се покажа дека во тој лед сепак има хранливи материи во мали количини.

Во еден таков воден басен може да има до 4000 врсти, од кои некои се алги, вируси, бактерии и микроскопски габи. Една од нив е особено битна за климатските промени. Тоа се црните алги, кои содржат пигмент кој ги штити од сончевите зраци. Колку повеќе се шират овие алги, толку потемна станува бојата на ледот и водата под него. Тоа значи дека ја апсорбира топлината наместо да ја рефлектира.

Поради климатските промени продолжен е периодот на растот на алгите. Експертите велат дека тоа го забрзало топењето на мразoт за 20 отсто. Сега истражувачите од Универзитетот Архус бараат начини да го стопира нивниот раст така што бараат други микроби кои може да се хранат со нив.

Глечерите содржат 70 проценти од слатката водата на Земјата. Од нив се напојуват со вода реките и морските екосистеми. Но, поради глобалното затоплување драстично се намалуваат глечерите ширум светот. До 2100 година може да исчезнат 2 од 3 глечери. За да се спречи тоа мора да ја намалиме емисијата на СО2.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни