Europe House Струга го одбележува Денот на Охридското езеро и биолошката разновидност

„Гласот на крајбрежјето“ во Струга

Во сабота на 22 јуни, Europe House Струга го одбележува Денот на Охридското езеро и биолошката разновидност со настанот „Гласот на крајбрежјето“.

Денот ќе го започне со ревијален кајакарски маратон по Охридското езеро на кој ќе учествуваат млади кајакари, во соработка со Спортски клуб Соларис Струга. Стартот е од 10:00 часот на Женска плажа. 

Вечерта е резервирана за опуштена забава во Паркот на поезијата. За музичката програма ќе се погрижи Диџеј Мирче – Хаусмајстори, а визуелниот дел ќе биде надополнет со несекојдневен видео перформанс на ендемични птици и цветови низ Паркот на поезијата. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни