“Гласот на крајбрежјето”, еко-акција за чистење на плажите на Охридското Езеро

Во средa, на 05 јуни по повод одбележувањето на Светскиот ден на заштита на животната средина, ќе се одржи еко акицијата за чистење на плажите покрај брегот на Охридското Езеро – “Гласот на крајбрежјето”, која што е дел од #greendeal. Акцијата започнува во 10 часот пред Europe House Струга од каде волонтерите ќе се распределат на 4 локации покрај езерото.

„Уметници, волонтери и нуркачи ќе соработуваат за да ги исчистат и плажите и самото езеро. Собраниот отпад ќе го рециклираме и со помош на уметниците и волонтерите ќе се обидеме да создадеме сценографија за театарска претстава за деца и млади, насловена „Океанија“, велат организаторите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни