Гламур на рацете: Се заљубивме во нокти во боја на темно чоколадо

Нијансата на темно чоколадо доминира во модните трендови, а не е помалку пожелна дури и во светот на убавината. Секоја сезона со себе носи одредени трендови, а кафената е една од хит нијансите во деновите што следат. Покрај модните комбинации, кафеавата боја доминира и во светот на убавината, а со тоа и на вашите нокти. 

Нокти во боја на темно чоколадо е

Совршен избор за постудените денови, се нокти во боја на темно чоколадо, бидејќи внесува одредена доза на софистицираност кој совршено оди со есенски и зимски тонови. Оваа богата, топла боја не потсетува на топло чоколадо и ни дава чувство на удобност и луксуз, што е токму она што ни треба додека деновите стануваат пократки и постудени. 

Изработрка на нокти во нијанса на темно чоколадо одлично оди со неутрални тонови како беж или сива, но и со малку повпечатливи металик нијанси. Може да се носи и како француски маникир со промена за сите оние кои сепак сакаат да останат во границите на минимализмот. 

Оваа нијанса изгледа особено убава на долги, овални или бадемови нокти, но е доволно ефикасна и за пократки, природни нокти. 

Со оглед на тоа што потемните бои бараат малку повеќе внимание, важно е редовно да го обновувате маникирот за бојата на вашите нокти да остане свежа и беспрекорна, а нанесувањето на високо квалитетни лакови и основни слоеви кои ја продолжуваат издржливоста на самиот маникир многу ќе помагаат. 

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни