Телото за глобален мониторинг на гладот (IPC), поддржано од Обединетите нации, соопшти денеска дека глад е присутен во суданските градови Ал Фашир и Кадугли, кои се под опсада на паравоените Сили за брза поддршка (RSF).
Ова е првпат овие градови да бидат официјално означени како области погодени од глад, иако уште минатата година беше потврдено дека глад владее во камповите за раселени лица во Ал Фашир, главниот град на Северен Дарфур, пренесува Ројтерс.
Војната што започна пред две и пол години меѓу RSF и суданската армија предизвика ширење на гладот и потхранетоста низ целата земја, раселување на милиони луѓе и бран етнички мотивирано насилство во регионот на Дарфур.