Ѓорѓиевски преку фб ги кани скопјани на новогодишна прослава

„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?“, прашува Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи, при што соопштува дека програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски“.

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски конечно ја стокми агендата за новогодишната забавата на Плоштад Македонија која ќе започне во 20.00 часот и ќе трае до еден часот по полноќ.

Веста за новогодишната забава на плоштадот, Ѓорѓиевски ја објави на својот фб профил.

„Скопје, дали сме подготвени за најдобрата забава?“, прашува Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи, при што соопштува дека програмата започнува во 19:45 часот со моќниот вокал на Миле Кузмановски, а продолжува со Огнен Здравковски“.

Потоа тој информира дека со свои настапи следуваат Дина Јашари, легендарните Куку Леле и неповторливата Тамара Тодевска.

„Кулминацијата ја носат милениците на младата публика Пајак, Лара и Два Бона, додека магичниот момент на пречекот на Новата година ќе го одбележи настапот на Каролина Гочева“, пишува Ѓорѓиевски.

При што допиша ‘Почитувани скопјани, доста беше мрак и време е за заедништво и за радост’.

„Време е повторно да покажеме дека Скопје знае да слави, знае да обединува и знае да биде лидер во културните настани. Со домашни изведувачи, омилени на публиката, создадовме програма што ги поврзува сите генерации. Ова е наш подарок за градот убав – за повторно да живее, да пулсира и да сонува. Ве поканувам сите, драги скопјани, да ни се придружите и заедно да ја пречекаме 2026 година со насмевки, музика и незаборавни мигови“, пишува Ѓорѓиевски.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни