Најпознатиот тенисер на светот Новак Ѓoковиќ, кој е познат како обожавател на фудбалот, стана сопственик на францускиот фудбалски клуб ,,Le Mans”. Низ годините, тој беше често забележуван низ Европа и светот на фудбалски натпревари, па оттаму, оваа одлука не ги изненадува многу љубителите на спортот. Неговиот договор за вклучување подразбира многу повеќе од финансии, тој подразбира брендирање, маркетинг, развој на младински академии и мултиспортски концепт.
Големиот фудбалски фан им се придружува на новите бразилски сопственици на клубот дополнет од бизнисмени и инвеститори. Нивната идеја е да го искористат целосно потенцијалот во овој спорт и клубот, односно да ги поврзат можностите кои градот ги има со фудбалот и мотоспортовите во созддавање уникатен спортски бренд. Во оваа смисла, Ѓоковиќ со неговата препознаеност ќе помогне во интернационализацијата на клубот и привлекување нови навивачи и спонзори.

Една од главните цели на клубот е негово враќање во првата лига. Со ова, Ѓоковиќ официјално се приклучува во светот на фудбалот преку амбициозната поддршка за подигнување на клубот во прва лига. Фановите не се сомневаат дека неговото приклучување ќе придонесе за подобар дух и визија.
Градот Ле Ман има важна спортска историја која започнува уште во 1923 со одржувањето на легендарната трка „24 Heures du Mans“ која е најстара трка за издржливост на автомобили во светот. Токму таму, познати производители се натпреваруваат за технолошка престижност и супериорност.
Фудбалскиот клуб Le Mans FC e oснован во 1985 година, и иако има играно во прва лига, овие години се натпреварува во пониските категории. Токму доаѓањето на Ѓоковиќ во клубот се најавува како промена на енергијата на клубот и поставување нови, повисоки цели кои влијаат на целокупната спортска енергија во градот. Оттаму, овој град е познат како место каде се спојуваат традицијата и енергијата во можност за напредок и градење квалитетна спортска култура.