Ѓоковиќ му честита на Ландо Норис за титулата во Формула 1, пофалби и за Ферстапен и Мекларен

Новак Ѓоковиќ ја честиташе титулата на Ландо Норис во Формула 1, пофали и за Макс Ферстапен за импресивната сезона, а упати и урнебесна порака до тимот на Мекларен

Ландо Норис ја освои шампионската титула во Формула 1, а меѓу првите од светот на спортот што му честита беше најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ.

Британскиот возач во спектакуларниот завршеток на сезоната ја освои титулата со пласирање на третото место во Абу Даби, завршувајќи за два поени пред Макс Ферстапен. Веднаш по завршувањето на трката, порака испрати Ѓоковиќ, но не само до Норис, туку и до Ферстапен и Мекларен.

Прво, Новак му се обрати на освојувачот на титулата: „Честитки, Ландо. Каква сезона! Ти си светски шампион“ – напиша Новак.

Потоа се обрати и на Ферстапен: „Каков неверојатен завршеток на сезоната имаше Макс. Многу близу повторно да ја освои титулата. Шампионски менталитет.“

На крај, Ѓоковиќ упати порака и до Мекларен: „Сезона од соништата за „Папаја тим“. Честитки!“ – порача Ѓоковиќ.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни