Новак Ѓоковиќ е на чекор до нова тениска бесмртност. Во финалето на Австралија опен, српскиот тенисер поведе со 1:0 во сетови против Шпанецот Карлос Алкараз, откако доминантно го доби првиот сет со 6-2.
Ѓоковиќ, кој игра за својата 25. гренд слем титула во кариерата – апсолутен рекорд во историјата на тенисот – од самиот почеток на мечот наметна висок ритам и целосна контрола на играта. Со рано одземен сервис, тој му ја одзеде иницијативата на младиот Шпанец и самоуверено ја водеше размената од основната линија.
Во финишот на сетот, Ѓоковиќ направи уште еден брејк, со што ја заокружи убедливата партија и ја потврди формата што ја прикажуваше во текот на целиот турнир во Мелбурн.
Финалето на Австралија опен за Ѓоковиќ не е само борба за трофеј, туку и за уште една историска страница во веќе богатиот тениски „роман“ што го испишува со години.
