Продолжува реализацијата на едукативната програма „Girls power” која ја спроведува „Асоцијацијата за инклузивен и одржлив развој“ – СИГА. Mлади жени и девојки од Пробиштип, Кочани, Виница и Чешиново-Облешево викендов учествуваат на вториот од вкупно четирите едукативни работилници кој е посветен на социјалната отчетност. По завршување на обуките секоја од учесничките ќе добие поддршка преку која ќе треба да спроведат општествена акција која тие самите ја идентификувале како потреба на локално ниво.

Основната цел на оваа програма е низ презентации, вежби и сценарија учесниците да го разгледаат значењето на младинското лидерство и какво е неговото влијание на заедницата и личниот развој, но и кои вештини се потребни за успешно младинско лидерство, вклучувајќи ја комуникацијата, тимското работење и управувањето со проекти.
Низ модулите учесничките се воведуваат во светот на знаењето, самоувереноста и искуствата, но им се дава можност за вмрежување, взаемна соработка и постигнување на своите желби и амбиции.

Активностите за јакнење на лидерските вештини кај жените се дел од проектот на СИГА, „Girls’ Leadership Initiative for Community Empowerment“ и се поддржани од Германското друштво за меѓународна соработка (ГИЗ), како дел од регионалниот проект ,,Социјално вклучување на ранливите групи на Западен Балкан”.