Продажбата или издвоењето на брендот се меѓу опциите кои компанијата ги разгледува како дел од планот за зголемување на капиталот, пренесува Гардијан.
Гинис е проценет на 10 милијарди долари (околу 9,5 милијарди евра), а неговата популарност продолжува да расте, особено меѓу младите, т.н. Генерација З.
Брзата побарувачка за Гинис се забележа најмногу за време на Божиќните празници, што доведе до недостаток на пивото.
Шпекулациите за продажбата ја зголемија цената на акциите на Диџаџо на денешното тргување на Лондонската берза за 4% и го поставија брендот на врвот на индексиот FTSE 100.
Производството на Гинис започнало во 1759 година од страна на Артур Гинис во Даблин, а денес овој ирски бренд е еден од најпознатите во светот, со продажба од милиони кригли секој ден.