Гинеколог: исфрлите три намирници од менито доколку сакате да ослабете

Ако сте на диета и бројките на вагата не се намалуваат, не сте единствените. Тоа е чест проблем кај луѓето над 40 години, особено кај жените. Гинекологот Екатерина Волкова се обиде да објасни каква грешка правиме.

Таа на својот канал Телеграм објави дека жените често ги исклучуваат јаглехидратите од исхраната, но всушност не треба да се плашат од нив.

„За да ја намалите тежината, обидете се да го ограничите внесот на шеќер, леб и црвено месо. Наместо црвено месо, јадете риба и живина“, вели таа.

Нејзината препорака е да се консумираат растителни масла, јаткасти плодови и семки, бидејќи овие намирници содржат незаситени масни киселини, кои на организмот очајно му се потребни.

Секој ден мора да јадете зеленчук и сложени јаглехидрати“, нагласува Волкова.

Само диетата нема да биде доволна за слабеење. Најдете време за физичка активност, барем за прошетка и не заборавајте да спиете доволно, најмалку осум часа на ден.

Фото: pexels

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни