Групата Обединети родители на Србија денеска соопшти дека Гимназијата „Свети Сава“ стапила во блокада во знак на поддршка за Петтата гимназија, која е во блокада од понеделник навечер.
„Гимназијата ‘Свети Сава’ дава целосна поддршка на учениците од Петтата гимназија, и блокадата ќе трае сè додека не се исполнат сите барања поврзани со подобрување на условите за работа, квалитетот на образованието и почитување на академските слободи во средното образование“, наведоа Обединетите родители на Србија на социјалната мрежа Инстаграм.
Тие додадоа дека јавноста ќе биде навремено информирана за следните чекори.
Петтата гимназија синоќа стапи во блокада, барајќи оставка од директорката на установата Данка Нешовиќ, избор на нов директор од редовите на професорите од самата гимназија и враќање на сите отпуштени и суспендирани професори на своите работни места.