Гилџес – Александар потпишува рекорден договор со Оклахома

Tој ќе заработува околу 71 милион евра годишно, што е значително повеќе од најплатениот играч во лигата, Стеф Кари

Шеј Гилџес – Александар, МВП-то на последната НБА сезона кој ѝ донесе титула на Оклахома, од следната сезона ќе биде најплатен кошаркар во историјата.

Како што јавува ЕСПН Гилџус-Александар со новиот потпис ќе добие највисоката годишна плата во историјата на НБА.

Канадскиот кошаркар наводно ќе потпише четиригодишно продолжување на договорот во вредност од 295 милиони евра, до сезоната 2030/31. Со ова, тој ќе заработува околу 71 милион евра годишно, што е значително повеќе од најплатениот играч во лигата, Стеф Кари.

Покрај МВП, Гилџус-Александар беше и најдобар стрелец во НБА-лигата со просек од 32,7 поени по натпревар, а земајќи ги предвид сите овие достигнувања, многу коментатори велат дека во неговата седма професионална сезона, тој ја имаше една од најдобрите сезони досега.

Шеј е 15-от играч во историјата на НБА што потпишал супер-максимален договор.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни