Германските археолози открија меч стар 3.000 години, „свети“ како нов

Археолози во Германија пронајдоа бронзен меч направен пред повеќе од 3.000 години. Толку добро е сочуван што „речиси сјае“, велат официјалните власти. Според Државната канцеларија на Баварија за зачувување на историските споменици мечот бил пронајден минатата недела за време на ископувањата во Ноердлинген, меѓу Нирнберг и Штутгарт во јужна Германија.

Се верува дека ова оружје потекнува од крајот на 14 век п.н.е., односно од средината на бронзеното време.

Експертите објаснуваат дека мечот кој има цврста октогонална рачка е откриен во заедничка гробница на три лица. Според првичните проценки се работи за теле на маж и жена, но и младо момче. Моменталните податоци не наговестуваат дали тие биле во роднинска врска и чиј бил мечот.

„Мечот и самиот гроб допрва треба да се испитаат, за нашите археолози попрецизно да го категоризираат ова откритие“, рече шефот на канцеларијата Матијас Феил.

Меѓу другото тој посочил и дека окрривањето на толку старо оружје во толку добра форма е вистинска реткост.

Извор: n1info.rs

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни