Германски уметник „поправа“ ѕидови со LEGO коцки

Од 2007 година, уметникот Јан Ворман од Берлин искористил десетици илјади LEGO коцки за да ги закрпи дупките од архитектонските структури што се распаѓаат ширум светот. Неговите шарени коцки ги имитираат тулите од кои се изградени зградите, но во минијатурни размери. Некои парчиња имаат само десетина LEGO коцки вградени во инсталацијата, додека други покриваат цели ѕидови со цик-цак шарени коцки.

Уметникот со своите инсталации често оди и на уметнички фестивали каде ги поставува своите креации во различни градови. На фестивал во Норвешка, Ворман постави LEGO коцки во структури на кои недостасуваше бетон, наполни тули кои недостасуваа од ѕидовите. Ворман ги охрабрува другите да му се придружат во неговите игриви дополнувања во градовите ширум светот и изгради интерактивна веб-страница за следење на новите додатоци од Кејп Таун до Сеул.

Најново

Последни колумни