Австриски и германски екстремисти предизвикаа паника кај жителите на Шипан, остров кај Дубровник, откако купиле повеќе недвижности — вклучувајќи го и главниот хотел во местото, кој подоцна го затвориле и го претвориле во приватна вила.
Купувачите, според мештаните, биле поврзани со неонацистички кругови, а на островот биле забележани „млади во црно кои тренираат во шумата”.
Според информациите, оштетен бил и локалниот партизанскиот споменик.
Жителите се во страв, а хрватските институции засега се без коментар.