Германската амбасадорка Петра Дрекслер: Родовата еднаквост се уште не е реалност, но светот не треба да биде таков

Фото: Види Вака

„Германија е посветена на зајакнувањето на родовата еднаквост во нашата земја, но и ширум светот.  Родовата еднаквост е основен принцип на нашата надворешна политика и на нашите програми за соработка. Во Северна Македонија, на пример, ние ја поддржуваме зајакнатата родова еднаквост во сопственоста на земјиштето. Заедно со нашите партнери, постигнавме добри резултати. Бројот на имоти регистрирани од страна на сопственички се зголемил, придонесувајќи за економска независност на жените, особено во земјоделството“ вели германската амбасадорка Петра Дрекслер за „Види-вака“.

Како што вели таа во видеата од кампањата македонските жени ги споделуваат своите искуства, даваат увид во реалноста и со своите индивидуални приказни се залагаат за проблемите со кои сите жени се соочуваат.

„Во Германија, во Северна Македонија и во други земји во светот. Родовата еднаквост се уште не е реалност. Но, светот не треба да бидеваков. Бидете дел од нашето патување кон родова еднаквост. Тоа ни користи на сите нас“ вели Дрекслер.

Како што објаснува амбасадорката, девојките и жените сочинуваат половина од светската популација, но тие придонесуваат само со 37% во глобалниот БДП.

„Ако овој родов јаз само значително се намали, тоа ќе придонесе со околу 12 трилиони американски долари секоја година во вкупната големина на економијата во светот. Ова е колку БДП на Германија, Јапонија и Велика Британија заедно. Очигледно е, едноставно не можеме да си дозволиме да го изгубиме потенцијалот на жените и девојките. Нашите општества имаат поголема шанса да напредуваат ако девојките и жените имаат еднакви прави, ако имаат еднаков пристап до ресурсите и ако се застапени подеднакво“ вели Дрекслер.

Извор: Види вака

Најново

Последни колумни