Германија од октомври воведува нови правила за зимски гуми: Ознаката M+S повеќе не важи

Од 1 октомври 2025, во Германија стапуваат на сила нови правила за зимски гуми. Гумите со само M+S ознака се забранети, а зимските и целогодишните гуми мора да имаат Alpine симбол за безбедна зимска возачка сезона. Прочитајте што значи ова за вас и казните за непочитување.

Од 1 октомври 2025 година вп Германија стапуваат на сила нови правила поврзани со користењето на зимски гуми. Гумите кои имаат само ознака M+S (кал и снег) повеќе не смеат да се користат на патиштата во зимски услови, како снег, мраз или лед.

Зимските и целогодишните гуми сега мора да имаат таканаречен Alpine симбол – силуета на планински врв со снежна пахулка – кој гарантира дека гумата поминала тестирања и ги исполнува пропишаните стандарди за возење во зимски услови. За разлика од тоа, ознаката M+S никогаш не била законски регулирана ниту технички дефинирана, туку означувала само подлабок профил, без гаранција за вистински зимски перформанси.

Продажбата на гуми со само ознака M+S повеќе не е дозволена, но многу возачи сè уште ги имаат во гаражите или оставите, често и неискористени, пренесува Феникс магазин. Нивната употреба во зимски услови сега е забранета. Иако технички можат да се користат во лето (ако се во добар состојба и со доволен профил), тоа не се препорачува затоа што тие гуми обично се стари, стврднати и помалку безбедни.

На страничната страна на гумата можете да ги најдете потребните ознаки:

  • Само M+S – забрането во зимски услови
  • M+S + Alpine симбол – дозволено
  • DOT постар од 2017 – се препорачува замена поради стареење на материјалот

Казни за возење со неподходни гуми на снег и мраз

ПрекршокКазна (€)Поени
Неподходни гуми на мраз601
… со попречување на сообраќајот801
… со загрозување на безбедноста1001

Осигурувањето исто така може да одбие исплата на штета доколку се утврди дека несреќата била предизвикана од користење на неправилни гуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни