Германија е лидер, каде е Македонија по бројот на електрични автомобили?

Германија е земја со најголем број целосно електрични автомобили, а вкупниот број во земјите во ЕУ надмина 3 милиони. Според последните податоците на Евростат, во Германија се возат над 1 милион целосно електрични автомобили (1.089.854). Следуваат Велика Британија со 641.801, Франција со 605.791, Норвешка со 603.697, Холандија со 318.485, Шведска со 205.212 и Италија со 167.213.

Во 2022 година бројот на овие целосно електрични автомобили во земјите од ЕУ пораснал за 58% во однос на 2021 година од 1,9 милиони на 3,1 милиони. Меѓу 2019 и 2022 година бројката пораснала за над 400%.

Кога е во прашање уделот на електрични возила во вкупниот број на автомобили, тој сега изнесува 76 на 10.000 возила. Гледајќи ги процентите, предничи Норвешка со 15,5% од сите автомобили кои се целосно електрични. Следуваат Холандија со 2,8%, Данска со 2,4%, Шведска со 2,2% и Исланд со 2,2%. Во Германија со удел е 1,3% , во Велика Британија е 1,2% и во Франција е 1%. Најниска стапка на електрични возила имаат Кипар, Полска, Бугарија и Чешка – 0,1%.

Германија предничи по бројот на ново регистрирани целосно електрични автомобили. Во 2020 година во земјата биле регистрирани над 350.000 целосно електрични возила, а зад неа се Велика Британија со 190.727, Франција со 162.167 и Норвешка со 113.751. На дното се Кипар , Летонија, Бугарија и Естонија со помалку од 1.000 возила.

Во Македонија, според информации од Министерството за внатрешни работи има околу 600 регистрирани електрични автомобили. Повеќето од нив се регистрирани како товарни. Сепак според граѓаните зошто не се одлучуваат за електричен автомобил не е само високата цена, туку и недостапноста на полначи.

Бројките говорат дека најголемиот дел од полначите за електрични автомобили се лоцирани во Скопје и по неколку низ цела држава. Најголемиот дел се позиционирани на територијата на главниот, а останатите во уште 17 градови.

Повеќето од корисниците на електрични автомобили укажуваат дека не само што треба да се зголеми бројот на јавни полначи за екектрични автомобили, туку и нивната пристапност. Посочуваат дека скоро никој не го почитува правилото да не го окупира просторот пред полначите, со што им се оневозможува на корисниците на електрични автомобили слободно да ги полнат возилата.

Инаку, според податоците на Евростат од 2013 година, пред една деценија во ЕУ имало 52.000 целосно електрични автомобили.

Најново

Последни колумни