Германија добива нова влада

На 6 мај ќе се одржи избор на новиот канцелар. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, ќе биде предложен за нов канцелар. По изборот во Бундестагот и полагањето заклетва, новата германска влада ќе ја преземе функцијата истовремено со министрите

Социјалдемократската партија на Германија (СПД) ја прифати коалицијата со демохристијанските партии ЦДУ и ЦСУ, со што се отвора патот за формирање на нова „црвено-црна“ влада. Со 84,6% поддршка од членовите, СПД го потврди коалициониот договор.

Ларс Клингбајл ќе биде новиот вицеканцелар и министер за финансии. Се очекува Борис Писториус да остане министер за одбрана, а во тек се разговори за други министерски позиции, меѓу кои и Министерството за труд, социјала, животна средина и правда.

На 6 мај ќе се одржи избор на новиот канцелар. Лидерот на ЦДУ, Фридрих Мерц, ќе биде предложен за нов канцелар. По изборот во Бундестагот и полагањето заклетва, новата германска влада ќе ја преземе функцијата истовремено со министрите.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни