Амбасадата на Сојузна Република Германија во Србија со одоговрност се поклони пред жртвите од Крагуевачкиот масакр од 1941 година.
„Денес се сеќаваме на жртвите од масакрот во Крагуевац во 1941 година. За време на германската окупација на овој ден убиени се илјадници цивили меѓу нив и многу ученици. Со тага се поклонуваме пред жртвите. Ова сеќавање не предупредува да преземеме одговорност и да се залагаме за мир и човечност“ стои во објавата на германската амбасада во Белград.
Маскарот од Крагуевац се случил на 19, 20 и 21 октомври кога германските окупациони сили стрелале околу 3.000 цивили жители на Крагуевац и околните села, меѓу нив и 287 ученици и 40 деца на возраст меѓу 11 и 15 години.
Во спомен на жртвите целиот простор каде било стрелањето денес е споменик парк Шумарице каде се наоѓа и грандиозниот споменик во чест на стреланите ученици и професори.
