Германија планира значително зголемување на помошта за Украина на повеќе од 11,5 милијарди евра

Германската влада планира следната година да ја зголеми помошта за Украина на над 11,5 милијарди евра за поддршка во одбраната од руската агресија, вклучувајќи артилерија, дронови и системи „Патриот“.

Германската влада планира следната година значително да ја зголеми својата поддршка за Украина – на повеќе од 11,5 милијарди евра, со цел да и помогне на земјата во одбраната од руската агресија.

Овој износ е предвиден во предлогот на германското Министерство за финансии, кој ќе биде тема на завршната расправа за нацрт-буџетот за 2026 година во Буџетскиот одбор на Бундестагот.

Средства за оружје и одбрана

Според владините извори, дополнителните средства ќе бидат наменети за артилерија, дронови и оклопни возила, како и за замена на два системи за противвоздушна одбрана „Патриот“.

Буџетскиот одбор на Бундестагот ќе ја одржи т.н. „завршна седница“ во четврток, кога ќе се донесат последните прилагодувања на буџетот за следната година.

Критики од опозицијата

Опозиционите партии ја критикуваат владата на канцеларот Фридрих Мерц, повикувајќи на замрзнување на помошта за Украина поради новите обвинувања што ги поврзуваат украински државјани со експлозиите на гасоводот „Северен тек“ во Балтичкото Море.

Според германските истражители, се верува дека група Украинци вмешани во тие експлозии дејствувале под команда на тогашниот врховен командант на украинските вооружени сили – Валериј Залужни.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни