Германски министер за Гренланд: Меѓународното право важи за сите, вклучително и за САД

Берлин реагира на изјавите на Доналд Трамп за можна анексија на Гренланд и нагласува дека територијалниот суверенитет мора да се почитува

Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл изјави дека принципите на меѓународното право важат за сите држави, вклучително и за Соединетите Американски Држави, коментирајќи ги изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за можноста САД да го анектираат Гренланд.

„Исклучиво Данска и Гренланд имаат право да одлучуваат за иднината на Гренланд. Територијалниот суверенитет и интегритет мора да се почитуваат“, изјави Клингбајл пред неговото патување во Вашингтон, каде што ќе учествува на состанок на министрите за финансии на Г7, пренесува Reuters.

Претходно, Трамп изјави дека САД имаат намера да го преземат Гренланд од безбедносни причини, наведувајќи дека тоа е неопходно за намалување на влијанието на Русија и Кина во арктичкиот регион. Таквите наводи беа остро отфрлени од властите во Данска и од гренландските институции, кои повторија дека статусот на островот не е предмет на преговори со трети држави.

Изјавата на германскиот министер доаѓа во момент на зголемени геополитички тензии околу Арктикот, регион кој добива сè поголемо стратешко значење поради безбедносни, енергетски и климатски фактори.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни