Германија ќе ја смени директорката на Берлинале по обвинувања за „антисемитски испади“

Германија најави можно разрешување на директорката на Берлинале по контроверзниот говор за Газа и обвинувањата за антисемитизам. Скандалот предизвика силна јавна дебата.

Германскиот државен секретар за култура, Волфрам Вајмер, свика вонредна седница на Организацијата за културни манифестации, надлежна за Берлинале , на која би можело да биде разрешена директорката Tриција Тутл Причината се обвинувања за антисемитски испади на годинашното, 76-то издание на фестивалот.

Според германските медиуми, на состанокот ќе се разговара за идната програмска ориентација на фестивалот и за можни промени во раководството. Потегот доаѓа по жестоката јавна дебата околу говорот на сириско-палестинскиот режисер Абдалах Алкхатиб, кој на свеченото затворање ја обвини Германија за „партнерство во геноцидот“ што, според него, Израел го спроведува во Газа.

Алкхатиб, кој доби награда за дебитантски филм, на сцената излезе со палестинска марама и знаме, порачувајќи дека еден ден ќе организира филмски фестивал во Газа и дека „ќе запамети кој бил со нив, а кој против нив“. За време на неговиот говор, германскиот министер за животна средина ја напушти салата.

Фотографијата што ја разгоре дебатата

Контроверзиите дополнително се засилија откако во јавноста се појави фотографија на која директорката Татл позира со филмската екипа на Алкхатиб и палестински знамиња. Критичарите тврдат дека раководството не реагирало доволно јасно на изјавите оценети како антисемитски и антинемачки, особено ако се има предвид дека фестивалот се финансира со јавни средства.

Фестивалот и претходно беше во фокусот на јавноста. На отворањето, претседателот на жирито, режисерот Вим Вендерс, одби јавно да се изрази за поддршка на Палестина, нагласувајќи дека уметниците треба сами, на свој начин, да се изразуваат за политички прашања.

Случајот повторно ја отвори дебатата за границите меѓу уметничката слобода и политичките пораки на културни настани, особено во контекст на чувствителни меѓународни конфликти.


е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни