Германија: Илјадници работодавачи одбиле да исплатат минимална плата во 2025 година

Околу 6.121 постапка се покренати во Германија поради сомнеж за прекршување на законот за минимална плата во 2025 година. Инспекциите покажале сериозни неправилности, особено во угостителството.

Илјадници работодавачи во Германија одбиле да исплатат минимална плата во текот на 2025 година, соопшти Единицата за финансиска контрола на непријавена работа по извршените инспекции.

При контрола на околу 25.000 работодавачи, утврдено е дека речиси секој четврти не ги пријавил работниците согласно законските обврски.

Според информациите што ги пренесува германскиот магазин Der Spiegel, прекршувањата на законот за минимална плата биле особено чести во угостителскиот сектор.

Над 6.000 покренати постапки

Во текот на 2025 година биле спроведени 25.765 инспекции низ цела Германија.

Како резултат на контролите, надлежните органи покренале 6.121 постапка поради сомнеж за прекршување на законот за минимална плата.

Единицата за финансиска контрола на непријавена работа, која функционира во рамки на германските царински служби, е задолжена за борба против „работа на црно“ и заштита на работничките права.

Надлежните институции најавуваат продолжување на засилените инспекции и построги санкции за работодавачите што не ги почитуваат законските обврски.

Извор: Танјуг

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни