Германија и Хрватска во полуфиналето на Европското првенство во ракомет

Германија ја елиминира Франција, Хрватска ја скрши Унгарија во финишот – познати се сите полуфиналисти на Европското првенство во ракомет.
epa12671560 Germany's goalkeeper Andreas Wolff celebrates during the EHF EURO 2026 main round match between Germany and Portugal, in Herning, Denmark, 22 January 2026. EPA/Sebastian Elias Uth DENMARK OUT

Европа ќе добие нов шампион, откако Франција нe успеa да ја одбрани европската титула. Ракометарите на Германија славеа со 38:34 (19:15), предводени од фантастичниот Јури Кнор и заедно со Данска обезбедија пласман во полуфиналето на Европското првенство од Група 1.

Со овој резултат, познати се сите учесници во полуфиналето: Данска и Германија од Група 1, како и Хрватска и Исланд од Група 2.

Германците влегоа на теренот со помал притисок, бидејќи и нерешен резултат ќе им беше доволен за пласман меѓу најдобрите четири. Тоа се одрази и на играта од 18. минута воспоставија контрола и поведоа со четири гола разлика. Јури Кнор беше беспрекорен со пет погодоци од пет обиди од дистанца, додека кај Франција се истакна Дика Мем со седум голови.

Французите во финишот на првото полувреме се приближија на два гола разлика (15:17), но Германија повторно ја зголеми предноста и на пауза замина со 19:15.

Во второто полувреме продолжи шутерската пресметка меѓу Кнор и Мем, но Германија постојано одржуваше предност од четири до пет голови. Франција неколкупати се доближи, но клучните грешки и одбраните на Андреас Волф спречија пресврт. Во 53. минута Французите намалија на 31:30, но Германија мирно го приведе мечот кон крај и ја запечати победата.

Хрватска ја скрши Унгарија во финишот

Хрватските ракометари до самиот крај стравуваа за пласманот, но како и на повеќето натпревари на шампионатот, силниот финиш им донесе победа над Унгарија од 27:25 (13:15) и место во полуфиналето.

Иако победата им гарантираше прво место во групата, Хрватите повторно започнаа бавно. Унгарија во 18. минута водеше со 11:7, а на полувреме замина со предност од 15:13. Во вториот дел Хрватска постепено ја презеде контролата, а во 46. минута за првпат поведе со резултат 21:20.

Во драматичниот финиш, Унгарија имаше шанса за израмнување, но фаулот во напад ја однесе Хрватска во полуфиналето, каде ќе се сретне со Исланд.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни