Германија денес стана првата европска држава што го распореди израелскиот ракетен одбранбен систем „Ероу“, способен да пресретне балистички ракети со среден дострел, меѓу кои и рускиот тип „Орешник“.
Станува збор за стационарен систем кој функционира на височина поголема од 100 километри, односно надвор од атмосферата. Со дострел до 2.400 километри, „Ероу“ претставува клучно надополнување на постојните германски одбранбени капацитети, како системите „Патриот“ и „ИРИС-Т“, кои имаат пократок дострел и се транспортираат со камиони.
Технологијата привлече внимание и во други земји, особено по успешните пресретнувања на ирански ракетни напади врз Израел во април и октомври 2024 година, соопшти израелската одбранбена компанија IAI.
