Во овој фонд досега се слеани околу 1,3 милијарди евра наменети за стабилизација и обнова на енергетскиот систем на Украина.
Средствата ќе бидат искористени за набавка на резервни делови и опрема за инфраструктурата оштетена во руските напади, информира Министерството.
„Нема да го оставиме украинскиот народ на цедило. Заштитата на енергетското снабдување значи заштита на луѓето“, изјави германската министерка за економија Катерина Рајхе.
Таа додаде дека, поради најновите корупциски истраги во Украина, KfW ќе спроведува особено строг надзор врз користењето на средствата, додека Министерството ќе продолжи внимателно да го следи корпоративното управување во украинските енергетски компании.
Со овој придонес, како и со неодамнешниот пакет помош од 60 милиони евра, германската поддршка за UESF во текот на 2025 година ќе достигне вкупно 550 милиони евра, најголемиот индивидуален влог во фондот досега.
Берлин, кој останува еден од најсилните европски поддржувачи на Киев, за 2026 година веќе има ветено 11,5 милијарди евра воена помош, објави Le Monde.
Извор: N1info.rs
