Германија забранува берење на цвеќе: Парични казни до 50.000 евра!

Европската комисија покрена Стратегија за биодиверзитет на ЕУ 2030 со цел да го спречи губењето на биодиверзитетот во Европа. Берачите на цвеќе може да бидат казнети со парични казни до 50.000 евра во Хамбургфала

За да го спречи губењето на биодиверзитетот во Европа, Европската комисија пред неколку години ја покрена Стратегијата за биодиверзитет на ЕУ 2030. Еден од целите на стратегијата е подобрување на екосистемите. Германија, поради ова, усвои план на национално ниво на 18 декември 2024 година. Стратегијата за зачувување на природата предвидува и заштита на одредени подрачја и растенија.

Ова може да значи дека одредени видови растенија, вклучувајќи специфично цвеќе, повеќе не можат да се берат ја јавни површини.


Во Германија моментално не постои општа забрана за брање цвеќе. Меѓутоа, постојат некои исклучоци, пишува Феникс магазин. Ова вклучува, на пример, брање на кокичиња. Кој ги најде и ги бере додека шета, и прави прекршок. Предвесниците на пролетта се заштитени во Германија веќе со години. Тие служат како прв важен извор на храна за инсекти.

Висината на казната зависи од сојузната покраина во која го направивте прекршокот. Хамбург изрекува парични казни до 50.000 евра за берачите на кокичиња.

Покрај тоа, љубителите на цвеќе треба да се воздржат од отстранување на растенија од приватни поседи. Истото важи и за јавни паркови засадени од страна на локалната власт. Брањето е забрането во двата случаи, нагласуваат германските медиуми.

е-Трн да боцка во твојот инбокс

Последни колумни