Германската војска треба да додаде 100.000 активни војници на постојниот состав од 62.000, за да ги исполни новите НАТО цели насочени кон зголемување на подготвеноста поради, како што се проценува, растечката закана од руска агресија, се наведува во доверлив документ до кој пристап има Reuters.
„Императив е армијата да стане доволно подготвена за војна до 2029 година и да ги обезбеди капацитетите кои Германија им ги ветила на НАТО до 2035 година“, напиша началникот на армијата Алфонс Маис во писмо од 2 септември, упатено до началникот на Главниот штаб на одбраната Карстен Бројер, пренесува Reuters.
Тој истакна дека остварувањето на тие цели е невозможно со моментално одобрениот број на персонал, кој вклучува и 37.000 неактивни војници.
Распоредување патроли на Балтикот
Германија веќе започнала да ги зголемува своите обврски кон сојузниците во Источна Европа, не само со формирање германска бригада во Литванија, која ќе брои околу 5.000 војници, туку и со распоредување поморски патроли на Балтикот за спречување подводни саботажи.
Маис повика на зголемување на бројот на активни војници за околу 45.000 до 2029 година, година во која Сојузот, предводен од САД, објави дека очекува Русија да биде способна да изведе голем напад врз западните сојузници.
Москва доследно негира каква било намера за започнување војна против НАТО или неговите членки.
Сепак, за да се исполнат НАТО целите договорени на самитот во јуни и да се создадат резерви за војна како онаа што Русија ја води во Украина, Маис проценува дека ќе бидат потребни дополнителни 45.000 активни војници до 2035 година. Исто така, посочи на потребата од околу 10.000 дополнителни војници за зајакнување на територијалната одбрана.
Портпаролот на Министерството за одбрана во Берлин одби да даде коментар за документот, наведувајќи ја неговата доверлива природа.
Сѐ уште не е достигнат целта од 2018 година
Тој додаде дека НАТО ги прилагодил своите цели за способностите како одговор на значително зголемените закани по руската инвазија на Украина во 2022 година.
„Според првичните проценки, ќе бидат потребни вкупно околу 460.000 припадници од Германија, поделени на околу 260.000 активни војници и околу 200.000 резервисти.“
Во јуни, министерот за одбрана Борис Писториус изјави дека Германија ќе ѝ требаат до 60.000 дополнителни активни припадници во сите родови на војската за да ги исполни новите НАТО цели, со што идната сила на Бундесверот ќе изнесува околу 260.000 војници.
Сепак, сѐ уште не е достигнатата цел од 203.000 војници поставена во 2018 година, а според податоците од министерството, сѐ уште недостигаат околу 20.000 редовни припадници.